Изменете VPN пристапни точки
Одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Settings
и
Connection
>
Destinations
.
Пристапна точка е каде што Вашиот уред се поврзува на мрежа. За да користите e-
mail и мултимедијални услуги или да пребарувате веб страници, морате пред сè да
одредите пристапни точки за овие услуги. Пристапните точки за виртуелна
приватна мрежа (VPN) ги спаруваат VPN полисите со обични интернет пристапни
точки за да креираат безбедна конекција.
Вашиот оператор може да има прилагодено неколку или сите пристапни точки за
Вашиот уред и можеби нема да можете да ги креирате, менувате или отстраните.
Одберете дестинација и
Options
>
Edit
, и одредете го следново:
Connection name — Внесете име за VPN пристапна точка.
VPN policy — Одберете VPN полиса за комбинирање со интернет пристапната
точка.
Internet access point — Одберете интернет пристапна точка со која ќе се
комбинира VPN полисата за да креирате безбедни конекции за трансфер на
податоци.
Proxy server address — Внесете ја адресата за proxy серверот на приватната
мрежа.
Proxy port number — Внесете го proxy port бројот.
Use access point — Одберете дали конекциите кои ја користат оваа пристапна
точка да бидат автоматски воспоставени.
Безбедност и управување со податоци 177
Прилагодувањата достапни за изменување може да варираат.
За точните прилагодувања, контактирајте го IT одделот на Вашата компанија.