Користете VPN конекции во апликација
Можеби ќе треба да го докажете Вашиот идентитет кога се пријавувате на мрежа
на компанијата. Контактирајте со IT одделот на Вашата компанија за
акредитациите.
За да користите VPN конекција во апликација, апликацијата мора да биде поврзана
со VPN пристапна точка.
Совет: Можете да ги конфигурирате прилагодувањата за конекција на
апликацијата со
Always ask
, во тој случај можете да одберете VPN пристапна точка
од листата на конекции кога конекцијата е воспоставена.
1 Во апликацијата во која сакате да креирате VPN конекција, одберете VPN
пристапна точка како пристапна точка.
2 Доколку користите автентификација на наследство, внесете го Вашето VPN
корисничко име и реченица за лозинка или лозинка. Ако токенот SecurID е
надвор од синхронизацијата со часовникот на ACE/Server, внесете ја следнава
реченица за лозинка. Доколку користите автентификација базирана врз
сертификат, можеби ќе морате да ја внесете зачуваната лозинка на клучот.