Nokia E52 - За управувањето со дигитални права

background image

За управувањето со дигитални права

Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и почитувајте ги локалните

обичаи, приватноста и легитимните права на другите, вклучувајќи ги и авторските

права. Заштитата на авторските права може да Ве спречи да копирате,

модифицирате или пренесувате некои слики, музика и други содржини.
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за

управување со дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита

на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој

уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени

со ДРМ. Со овој уред можете да пристапите на содржини заштитени со WMDRM 10

и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ софтвер не успее да ја заштити содржината,

сопствениците на содржината може да побараат таквата ДРМ софтверска можност

за пристап до новите содржини заштитени со ДРМ да бидат повлечени.

Повлекувањето исто така може да спречи обнова на таквата содржина заштитена

со ДРМ веќе во Вашиот уред. Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на

користењето на содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на

содржини незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги дефинира

Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија и на лиценците и на содржината, користете ја функцијата за правење

резервни копии на Nokia PC Suite.

Безбедност

7

background image

Другите методи на префрлување може да не ги префрлуваат лиценците кои треба

да се повратат со содржината за да можете Вие да продолжите со користење на

содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде

форматирана. Може исто така да треба да ги повратите лиценците во случај

датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценците и содржината

ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се форматира. Може исто така да ги

загубите лиценците и содржината ако датотеките на Вашиот уред бидат оштетени.

Губењето на лиценците или на содржината може да ја ограничат Вашата можност

за повторно користење на истата содржина на Вашиот уред. За повеќе

информации, контактирајте го Вашиот оператор.
Некои лиценци може да се поврзани со некоја специфична SIM картичка, и на

заштитената содржина може да и се пристапи само ако SIM картичката е вметната

во уредот.

8

Безбедност