Nokia E52 - Прилагодете го Вашиот e-mail

background image

Прилагодете го Вашиот e-mail

Вашиот Nokia Eseries уред работи во истото време како и Вие и со истата брзина.

Одржете ги синхронизирани Вашите e-mail пораки, контакти и записи во

календарот, брзо и погодно со брзи конекции.
Кога го поставувате Вашиот e-mail, од Вас е побарано да ги внесете следниве

податоци: корисничко име, тип на e-mail, сервер за дојдовна пошта, порт на

серверот за дојдовна пошта, сервер за појдовна пошта, порт на серверот за

појдовна пошта, лозинка и влезна точка.
Со Е-mail волшебникот, можете да ја прилагодите Вашата бизнис e-mail сметка,

како што е Mail for Exchange и Вашите интернет e-mail сметки како што се

услугите Google e-mail. Волшебникот ги поддржува протоколите POP/IMAP и

ActiveSync.

24 За почеток

background image

Ако ја поставувате Вашата бизнис e-mail сметка, прашајте го информатичкиот

оддел на Вашата компанија за деталите. Ако ја поставувате Вашата интернет e-mail

сметка, за деталите погледнете ја web станицата на Вашиот оператор на услуга.
За да започнете со Е-mail волшебникот:
1 Во почетниот екран, движете се до Е-mail волшебникот.

2 Внесете ја Вашата e-mail адреса и лозинка. Доколку волшебникот не е во

можност автоматски да ги конфигурира Вашите прилагодувања за e-mail,

одберете го типот на Вашата e-mail сметка и внесете ги поврзаните

прилагодувања.

Совет: Доколку не сте го конфигурирале Вашето поштенско сандаче, притиснете

го копчето e-mail за да започнете со Е-mail волшебникот.
Доколку Вашиот уред содржи какви било дополнителни e-mail клиенти, тие Ви се

понудени кога ќе го вклучите Е-mail волшебникот.