Nokia E52 - Nokia PC Suite

background image

Nokia PC Suite

Nokia PC Suite е пакет на апликации коишто можете да ги инсталирате на

компатибилен компјутер. Nokia PC Suite ги групира сите достапни апликации во

некој прозорец за стартување од кој можете да ги отворате апликациите. Nokia PC

Suite може да биде вклучен на мемориска картичка, доколку таа е обезбедена со

Вашиот уред.
Можете да користете Nokia PC Suite за да синхронизирате контакти, календар, и

задачи и други белешки помеѓу Вашиот уред и некоја компатибилна компјутерска

апликација, како што е Microsoft Outlook или Lotus Notes. Можете исто така да

За почеток 25

background image

користите Nokia PC Suite за да пренесете некои линкови помеѓу Вашиот уред и

компатибилни пребарувачи, и да пренесувате слики и видео клипови помеѓу

Вашиот уред и компатибилни компјутери.

Забелешка: Обратете внимание на прилагодувањата за синхронизација.

Бришењето на податоци како дел од нормалниот процес на синхронизација е

определен од одбраните прилагодувања.
За да користите Nokia PC Suite, потребен Ви е компјутер кој работи на Microsoft XP

(SP1 или SP2) или Windows Vista, и е компатибилен со некој USB кабел за податоци

или со Bluetooth конективност.
Nokia PC Suite не работи со Macintosh.
За понатамошни информации за Nokia PC Suite, видете ја неговата функција за

помош или web страницата на Nokia.
За да инсталирате Nokia PC Suite:

1 Уверете се дека мемориската картичка е вметната во Вашиот Nokia E52.

2 Поврзете го USB кабелот. Вашиот компјутер го препознава новиот уред и ги

инсталира потребните двигатели за уредот. Ова може да потрае неколку

минути.

3 Одберете

Mass storage

како режим за поврзување со USB на Вашиот уред.

Вашиот уред е прикажан во Windows пребарувачот за датотеки како

отстранлив диск.

4 Со Windows пребарувачот за датотеки отворете го коренот на мемориската

картичка и одберете ја датотеката за инсталација на PC Suite.

5 Инсталацијата е започната. Следете ги прикажаните упатства.
Совет: За да го ажурирате Nokia PC Suite или ако имате проблеми со инсталацијата

на Nokia PC Suite од мемориската картичка, копирајте ја датотеката за инсталација

на Вашиот компјутер и инсталирајте го од компјутерот.