Nokia E52 - Префрлување на содржина

background image

Префрлување на содржина

Можете да ја користите апликацијата Префрлување за да копирате содржини како

што се телефонски броеви, адреси, календарски објекти, и слики од Вашиот

претходен Nokia уред на Вашиот уред.
Типот на содржина која може да биде префрлена зависи од моделот на уредот од

кој сакате да ја префрлите содржината. Ако уредот поддржува синхронизација,

можете исто така да синхронизирате податоци помеѓу уредите. Вашиот уред Ве

известува доколку другите уреди не се компатибилни.

22 За почеток

background image

Ако другиот уред не може да биде вклучен без SIM картичка, можете да вметнете

SIM картичка во него. Кога Вашиот уред се вклучи без SIM картичка, автоматски се

активира Офлајн профилот и префрлувањето може да се изврши.
Префрлување на содржина за прв пат.

1 За да вчитате податоци од друг уред за прв пат, на Вашиот уред одберете

Menu

>

Ctrl. panel

>

Switch

.

2 Одберете го типот на конекција што сакате да го користите за префрлување

на податоците. И обата уреда мора да го поддржуваат типот на поврзување кој

ќе го одберете.

3 Ако одберете Bluetooth конективност како тип на конекција, поврзете ги двата

уреди. За Вашиот уред да започне да бара уреди со Bluetooth конективност,

одберете

Continue

. Одберете го уредот од кој сакате да ја префрлите

содржината. Ќе бидете прашани да внесете код на Вашиот уред. Внесете код

(1-16 цифри), и одберете

OK

. Внесете го истиот код и во другиот уред, и

одберете

OK

. Уредите се сега спарени.

Некои поранешни Nokia уреди може да ја немаат апликацијата Префрлување.

Во овој случај, апликацијата Префрлување се испраќа до другиот уред во вид

на порака. За да се инсталира апликацијата Префрлување на другиот уред,

отворете ја пораката, а потоа следете ги упатствата на екранот.

4 На Вашиот уред, одберете ја содржината што сакате да ја префрлите од другиот

уред.

Кога префрлувањето ќе започне, можете да го откажете и да го продолжите

подоцна.

Содржината се префрлува од меморијата на другиот уред во соодветна локација

во Вашиот Уред. Времето на префрлување зависи од количеството на податоци

кое треба да се префрли.