За WLAN
Вашиот уред може да препознае и да се конектира на безжична локална мрежа
(WLAN). Користејќи WLAN, можете да го поврзете Вашиот уред на интернет и на
компатибилни уреди што поддржуваат WLAN.
За да користите некоја WLAN конекција, потребно Ви е следново:
•
WLAN мора да биде достапна во Вашата локација.
•
Вашиот уред мора да биде поврзен на WLAN. Некои WLAN мрежи се заштитени
и потребен Ви е пристапен клуч од операторот на услуги за да се поврзете на
нив.
•
Интернет влезна точка создадена за WLAN. Користете ја влезната точка за
апликации на кои им е потребно да се поврзат на интернет.
Воспоставена е WLAN конекција кога креирате некоја конекција на податоци
користејќи WLAN интернет влезна точка. Активната WLAN конекција завршува кога
ја затворате конекцијата на податоци.
Можете да користите WLAN за време на гласовен повик или кога пакет податоците
се активни. Можете да се поврзете само на една WLAN влезна точка на уредот
истовремено, но неколку апликации може да ја користат истата влезна точка.
Функциите кои што користат WLAN, или кои дозволуваат таквите функции да
работат во позадина додека ги користите другите функции, ја зголемуваат
потрошувачката на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на
батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN карактеристики:
•
IEEE 802.11b/g стандарден
•
Рабори на 2.4 GHz
•
WEP, WPA/WPA2 и 802.1x методите за автентикација. Овие функции може да се
користат само ако се поддржани од мрежата.
Важно: Секогаш вклучете еден од достапните методи на шифрирање за да
ја зголемите безбедноста на Вашата безжична LAN конекција. Користењето на
шифрирање го намалува ризикот од неовластен пристап до Вашите податоци.
Кога уредот е во offline профилот, сеуште можете да користите WLAN, ако е
достапна. Запомнете да подлегнете на какви било применливи препораки за
безбедност кога воспоставувате и користите WLAN конекција.
Конективност 161
Совет: За да ја проверите уникатната адреса за контрола на пристап на медиа
(media access control - MAC) што го идентификува Вашиот уред, внесете
*#62209526# во почетниот екран.
Забелешка: Во некои земји може да биде ограничено користењето на WLAN.
На пример, во Франција е дозволено користење на WLAN само во затворени
простории. За повеќе информации, контактирајте ги Вашите надлежни органи.