Кабел за податоци
За да избегнете оштетување на податоците, не го откачувајте USB кабелот за
податоци за време на префрлувањето на податоците.
Префрлувајте податоци помеѓу Вашиот уред и компјутер
1 Вметнете мемориска картичка во Вашиот уред и поврзете го уредот на
компатибилен компјутер со кабел за податоци.
2 Кога уредот ќе праша кој режим да го користи, одберете
Mass storage
. Во овој
режим, можете да го видите Вашиот уред како отстранлив тврд драјв во
Вашиот компјутер.
3 Завршете ја конекцијата од компјутерот (од Unplug or Eject Hardware
помошникот во Microsoft Windows, на пример) за да избегнете оштетување на
мемориската картичка.
За да го користите Nokia PC Suite со Вашиот уред, инсталирајте Nokia PC Suite на
Вашиот компјутер, поврзете го кабелот за податоци, и одберете
PC Suite
.
За да го користите Вашиот уред за да го поврзете Вашиот компјутер на интернет,
поврзете го кабелот за податоци и одберете
Connect PC to web
.
За да ја синхронизирате музиката во Вашиот уред со Nokia Music Player,
инсталирајте го Nokia Music Player софтверот на Вашиот компјутер, поврзете го
кабелот за податоци, и одберете
PC Suite
.
За да ги испечатите сликите на компатибилен печатач, одберете
Image transfer
.
За да го промените USB режимот кој нормално го користите со кабелот за податоци,
одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Connectivity
>
USB
и
USB connection mode
, и
саканата опција.
За да наместите уредот да прашува за режимот секој пат кога го поврзувате
кабелот за податоци со уредот, одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Connectivity
>
USB
и
Ask on connection
>
Yes
.