За Bluetooth
Bluetooth технологијата во вашиот уред овозможува безжични врски помеѓу
електронски уреди во опсег од 10 метри (33 стапки). Bluetooth врска може да се
користи за да испратите слики, видео, текст, визит-карти, календарски белешки
или безжично да се поврзете на уреди што користат Bluetooth технологија.
Конективност 155
Бидејќи уредите што користат Bluetooth технологија комуницираат користејќи
радио бранови, вашиот уред и другите уреди не мора да бидат во директна видна
врска. Двата уреди само треба да бидат максимално 10 метри оддалечени еден од
друг, иако врската може да биде изложена на интерференција од пречки како што
се ѕидови или од други електронски уреди.
Неколку Bluetooth врски можат да бидат активни одеднаш. На пример, ако вашиот
уред е поврзан на слушалки, исто така можете истовремено да пренесувате
датотеки на друг компатибилен уред.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува
следниве профили: Advanced Audio Distribution, Audio Video Remote Control, Basic
Imaging, Basic Printing, Dial-up Networking, File Transfer, Generic Access, Hands-free,
Headset, Human Interface Device, Local Positioning, Object Push, Phone Book Access,
SIM Access, Serial Port, Video Distribution . За да осигурате интеропратибилност
помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци
за овој модел што се одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите
уреди за да ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката
на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.