Репродуцирање песна
За да ги додадете сите достапни песни во музичката библиотека, одберете
Options
>
Refresh library
.
За да репродуцирате некоја песна, одберете ја посакуваната категорија и песната.
За да паузирате, притиснете го копчето за скролување; за да продолжите,
повторно притиснете го копчето за скролување. За да ја стопирате репродукцијата,
скролувајте надолу.
За да премотувате напред или назад, притиснете и задржете го копчето за
скролување десно или лево.
За да преминете на следниот објект, скролувајте десно. За да се вратите на
почетокот на објектот, скролувајте лево. За да прескокнете до претходниот објект,
скролувајте повторно лево во рок од 2 секунди откако песната започнала.
За да го измените тонот на пуштената музика, одберете
Options
>
Equaliser
.
За да го измените балансот и стерео сликата или да го подобрите басот, одберете
Options
>
Settings
.
За да се вратите на домашниот екран и да го оставите плеерот да биде активен во
позадината, притиснете го копчето за завршување.