Nokia E52 - Префрлување на видеа од Вашиот компјутер

background image

Префрлување на видеа од Вашиот компјутер

Префрлете ги Вашите сопствени видео клипови на Видео центарот од

компатибилни уреди користејќи некој компатибилен USB кабел за податоци. Видео

центарот прикажува само видео клипови кои се во формат поддржан од Вашиот

уред.
1 За да го видите Вашиот уред на компјутер како уред со огромна меморија каде

што може да префрлувате било какви датотеки со податоци, направете ја

конекцијата со некој USB кабел за податоци.

144 Медија

background image

2 Одберете

Mass storage

како режим за конекција. Во уредот треба да биде

вметната компатибилна мемориска картичка.

3 Одберете ги видео клиповите што сакате да ги копирате од Вашиот компјутер.

4 Префрлете ги видео клиповите во E:\My Videos во мемориската картичка.

Префрлените видео клипови се појавуваат во папката Мои видеа во Видео

центар. Видео датотеките во другите папки на Вашиот уред не се прикажани.