Nokia E52 - Копче за почеток

background image

Копче за почеток

За да пристапите до почетниот екран, притиснете го накратко копчето за почеток.

Притиснете го накратко копчето за почеток за да пристапите повторно во менито.

За да ја погледнете листата на активни апликации, притиснете го копчето за

почеток на неколку секунди. Кога листата е отворена, притиснете го накратко

копчето за почеток за да скролувате низ листата. За да ја отворите одбраната

апликација, притиснете го копчето за почеток на неколку секунди или притиснете

го копчето за скролување. За да ја затворите одбраната апликацијата, притиснете

го копчето за бришење назад.

Оставањето апликациите да работат во позадина ја зголемува потребата за

енергија од батеријата и го намалува животниот век на батеријата.