Мултитаскинг
Можете да имате повеќе отворени апликации во исто време. За да префрлате
помеѓу активни апликации, притиснете и задржете го копчето за почеток,
скролувајте до апликацијата и притиснете го копчето за скролување. За да ја
затворите одбраната апликацијата, притиснете го копчето за бришење назад.
Пример: Кога имате активен телефонски повик и сакате да го проверите Вашиот
календар, притиснете го копчето за почеток да пристапите до менито, и отворете
ја апликацијата Календар. Телефонскиот повик останува активен во позадината.
Пример: Кога пишувате порака и сакате да погледнете веб страница, притиснете
го копчето за почеток за да пристапите до менито и отворете ја апликацијата Web.
Одберете ознака за веб страница или внесете ја рачно веб страницата и одберете
Go to
. За да се вратите на Вашата порака, притиснете и задржете го копчето за
почеток, скролувајте до пораката и притиснете го копчето за скролување.