Работете на почетниот екран
За да пребарувате за контакти во почетниот екран, започнете да го внесувате
името на контактот. Кога внесувате знаци, притиснете го секое копче еднаш. На
пример, за да внесете "Eric", притиснете 3742. Уредот предлага контакти кои се
совпаѓаат.
За да префрлате помеѓу режими на букви и бројки, одберете
Options
>
Alpha
mode
или
Number mode
.
Одберете го саканиот контакт од листата на понудени совпаѓања. Оваа функција
можно е да не е достапна во сите јазици.
За го повикате контактот, притиснете го копчето за повикување.
За да го исклучите пребарувањето на контакти, одберете
Options
>
Contact search
off
.
За да ги проверите Вашите примени пораки, одберете го полето за пораки во
областа за известување. За да прочитате порака, одберете ја пораката. За да
пристапите до други задачи, скролувајте надесно.
За да ги погледнете Вашите пропуштени повици, одберете го полето за повици во
областа за известување. За да возвратите повик, одберете повик и притиснете го
копчето за повикување. За да испратите текстуална порака на повикувач, одберете
повик, скролувајте надесно и одберете
Send message
од листата на достапни
акции.
За да ја преслушате Вашата гласовна пошта, одберете го полето за гласовна пошта
во областа за известување. Одберете го саканото гласовно сандаче и притиснете
го копчето за повикување.