За GPS
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на Соединетите
Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае прилагодувањето на GPS
сателитите кое го прави Владата на Соединетите Држави и е предмет на промена
со политиката за цивилен GPS на Министерството за одбрана на Соединетите
Американски Држави и Федералниот Радио-навигационен план. На точноста исто
така може да влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни
пречки како и временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во
внатрешноста на згради или под земја и може да бидат попречени од материјали
како што се бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш да
се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се појават грешки при
заокружување. На точноста исто така може да влијае и достапноста и квалитетот
на GPS сигналите.
Координатите во GPS се изразени со помош на меѓународниот координативен
систем WGS-84. Достапноста на координатите може да варира во зависност од
регионот.