GPS податоци
Одберете
Menu
>
Applications
>
GPS data
.
GPS податоците се дизајнирани да обезбедат информација за наведување на
патека до определена дестинација, информации за позиција за Вашата моментна
локација, и информации за патување, како што се приближната оддалеченост до
дестинацијата и приближното времетраење на патувањето.
Координатите во GPS се изразени со помош на меѓународниот координативен
систем WGS-84.
За да користите GPS податоци, GPS приемникот на Вашиот уред мора првин да
прима информација за позицијата од најмалку четири сателити за да ја пресмета
Вашата локација. Кога ќе се направи првичната пресметка, можно е да се
продолжи со пресметување на Вашата локација со три сателити. Како и да е,
прецизноста општо е подобра кога ќе се пронајдат повеќе сателити.