Профили
Одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Profiles
.
Можете да ги прилагодувате и персонализирате тоновите на ѕвонење, тоновите за
предупредување, и други тонови за разни настани, околини, или групи на
повикувачи. Активниот профил се прикажува на врвот на екранот во домашниот
екран. Меѓутоа, ако активниот профил е Општо, се прикажува само денешниот
датум.
За да креирате некој нов профил, одберете
Options
>
Create new
и определете ги
прилагодувањата.
За да измените некој профил, одберете некој профил и
Options
>
Personalise
.
За да активирате некој профил, изберете го профилот и
Options
>
Activate
.
За да го наместите профилот кој треба да се активира по определено верме о рок
од следните 24 часа, скролувајте до профилот, одберете
Options
>
Timed
, и
поставете го времето. Кога времето ќе истече, профилот се враќа назад на
профилот кој е претходно активен кој временски не е определен. Кога профилот
е определен временски, се прикажува во домашниот екран. Offline профилот
не може временски да се определи.
За да избришете некој профил што сте го креирале, одберете
Options
>
Delete
profile
. Не можете да ги избришете претходно дефинираните профили.
Кога ќе го активирате Оffline профилот, конекцијата со мобилната мрежа е
исклучена. Сите радио фреквентни сигнали до и од уредот со мобилната мрежа се
оневозможени. Ако се обидете да пратите порака, таа ќе биде поставена во мапата
на Појдовното сандаче и ќе биде испратена само кога некој друг профил е
активиран.
Исто така, можете да го користите Вашиот уред без SIM картичка. Ако ја
отстраните SIM картичката ќе биде активиран Offline профилот.
36 Персонализација
Важно: Во Офлајн профилот не можете да остварувате или примате какви
било повици, или да користите други карактеристики за кои е потребно мобилно
мрежно покривање. Сеуште се можни повици кон официјалниот итен број
програмиран во Вашиот уред. За да остварувате повици, првин ќе морате да ја
активирате функцијата на телефонот со промена на профилот. Ако уредот е
заклучен, внесете го кодот за заклучување.
Кога го користите Оffline профилот, сè уште можете да ја користите безжичната
LAN (WLAN), на пример, да ги читате Вашите e-mail пораки или да пребарувате на
интернет. Исто така можете да го користите и Bluetooth поврзувањето. Запомнете
да ги почитувате сите применливи безбедносни барања кога воспоставувате и ја
користите безжичната LAN или Bluetooth конекцијата.