Поддршка
Кога сакате да научите повеќе за тоа како да го користите овој производ или сте
несигурни како Вашиот уред треба да функционира, одете на www.nokia.com/
support, или користејќи мобилен уред, nokia.mobi/support. Исто така можете да
одберете
Menu
>
Help
>
Help
во Вашиот уред.
Ако ова не го реши Вашиот проблем, направете нешто од следново:
•
Исклучете го уредот, и отстранете ја батеријата. После една минута, вратете ја
батеријата, и вклучете го уредот.
•
Вратете ги оригиналните фабрички поставки.
•
Надградете го софтверот на Вашиот уред.
Ако Вашиот проблем остане нерешен, контактирајте ја Nokia за опции за поправка.
Одете на www.nokia.com/repair. Пред да го испратите Вашиот уред на поправка,
секогаш направете копија на податоците во Вашиот уред.