Гласовни команди
Одберете
Menu
>
Ctrl. panel
>
Phone
>
Voice comm.
.
Користете гласовни команди за да остварувате телефонски повици и да стартувате
апликации, профили или други функции на уредот. За да започнете гласовно
препознавање, притиснете и задржете го копчето за исклучување на звук.
Уредот креира некоја гласовна ознака за записите во контактите и за функциите
дизајнирани во апликацијата за гласовни команди. Кога некоја гласовна команда
е изговорена, уредот ги споредува изговорените зборови со гласовната ознака
зачувана во уредот. Гласовните команди не зависат од гласот на говорителот;
сепак, препознавањето на глас во уредот се прилагодува на гласот на главниот
корисник за да подобро ги препознае гласовните команди.