Зборувајте со некој канал или група
За да зборувате со некој канал откако ќе се пријавите на ПЗЗ услугата, притиснете
го ПЗЗ копчето. Се огласува еден тон кој покажува дека пристапот е одобрен.
Продолжете да го притискате и да држите притиснато ПЗЗ копчето цело време
додека зборувате. Кога ќе завршите со зборување, отпуштете го копчето.
Ако се обидете да одговорите на некој канал со притискање на ПЗЗ копчето додека
друг член зборува,
Wait
се прикажува. Отпуштете го ПЗЗ копчето, почекајте
другото лице да заврши со зборувањето и повторно притиснете го ПЗЗ копчето.
Како алтернатива, држете го притиснато ПЗЗ копчето и почекајте
Talk
да се
прикаже на екранот.
Кога зборувате во некој канал, првото лице кое ќе го притисне ПЗЗ копчето кога
некој ќе прекине да зборува, тој може да зборува следен.
За да ги видите моментално активните членови на некој канал за време на некој
активен повик на каналот, одберете
Options
>
Active members
.
Кога ќе завршите со ПЗЗ повикот, одберете
Disconnect
.
За да поканите нови членови на некој активен повик, одберете го каналот кога сте
поврзани со него. Одберете
Options
>
Send invitation
за да го отворите приказот
на покани. Можете да поканувате само нови членови кога Вие сте домаќин на некој
приватен канал или кога каналот е некој јавен канал. Поканите за каналот се
текстуални пораки.
Можете исто така да го рекламирате Вашиот канал, така што другите можат да
станат свесни за него и потоа да му се придружат. Одберете
Options
>
Send
invitation
, и внесете ја побараната информација.