Потребно за Видео споделувње
Видео споделувањето бара 3G конекција. За повеќе информации за услугата,
достапноста на 3G мрежа и тарифите поврзани со користењето на оваа услуга,
контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.
За да го користите видео споделувањето морате да го сторите следново:
•
Да се осигурате дека Вашиот уред е прилагоден за конекции лице-до-лице.
•
Осигурете се дека имате активна 3G конекција и дека сте во опсегот на 3G
мрежна покриеност. Ако се преместите надвор од 3G мрежата за време на
сесијата на видео споделување, споделувањето се стопира додека Вашиот
гласовен повик продолжува.
•
Осигурете се дека и испраќачот и примачот се регистрирани на 3G мрежата. Ако
поканите некого на сесија за споделување и уредот на примачот не е во опсегот
на 3G мрежна покриеност, нема инсталирано видео споделување или нема
прилагодено лице-до-лице конекции, примачот не прима покани. Вие ќе
примите некоја порака за грешка која што покажува дека примачот не може
да ја прифати поканата.