
Прифаќање на покана
Кога некој ќе ви испрати покана за споделување видео, пораката со покана го
прикажува името или SIP адресата на испраќачот. Ако вашиот уред не е поставен
на тивко, ѕвони кога ќе примите покана.
Ако некој ви испрати покана за споделување а вие не сте во опсег на UMTS мрежа,
нема да знаете дека сте примиле покана.
Кога ќе примите покана, изберете од следново:
Yes — Прифатете ја поканата и активирајте ја сесијата на споделување.
No — Отфрлете ја поканата. Испраќачот прима порака дека сте ја отфрлиле
поканата. Исто така, можете да го притиснете копчето за крај за да ја отфрлите
поканата и да го завршите гласовниот повик.
За да го исклучите звукот на видеото во вашиот уред, изберете
Options
>
Mute
.
За да го репродуцирате видеото со оригиналната гласност, изберете
Options
>
Original volume
. Ова не влијае на аудио плејбекот на другата страна од
телефонскиот повик.
За да ја завршите сесијата на споделување, изберете
Stop
. За да го завршите
гласовниот повик, притиснете го копчето за крај. Кога ќе го завршите повикот,
завршува и видео споделувањето.
Телефон 73